Се родило машко бебе. Целото семејство се собрало и сите си фантазираат.
Мајката:
– Ќе порасне и ќе стане научник. Видете какви умни очи има.
Таткото:
– Не, ќе стане воено лице. Видете каков силен, борбен глас има.
Бабата:
– Нема врска. Се познава дека ќе стане политичар.
– Зошто?
– Па видете го бе! Целиот е во лајна, а главата му е гордо крената и се смешка…

Сподели на Facebook
пати видено