Целиот мој живот бев тип „чашата е до половина полна“. И навистина ми се познава! Кога ќе се погледнам во огледалото, ми се одразува секоја брчка добиена од смеењето. Всушност, ако не бев таква вечна оптимистка, сигурно многу ќе се јадосував поради тоа. Ако не се смеев толку многу, и да, ако од време на време не се нервирав, мојата кожа можеби ќе беше помазна и со помалку набори. Но, зар би сакала да го избришам секој спомен од мојот живот со сите подеми и падови? Рака на срце, не. Особено кога ќе погледнам која би била алтернативата: восочен изглед како на фигура извадена од Музејот на мадам Тисо.

gz01

Земете ја на пример ужасно талентираната Барбара Стрејсенд, која оваа седмица беше сликана на седумдесет и четири години со лице затегнато како тапан. Колку депресевно е тоа што дури и најинспиративните и најуспешните ѕвезди подлегнуваат на современиот претерано неприроден изглед. Зар не сфаќаат дека тоа само го истакнува тоа што тие се обидуваат да го скријат – нивната возраст која поодминува?

gz02

Наместо да се фокусирате на нивниот блескав успех, сѐ што гледате е тежок и по малку понижувачки очај грчевито да се држат за младоста. Тоа не само што е удар врз сите жени – пораката дека изгледот превагнува над успехот без разлика кои сте – туку и почитта за најславните ѕвезди бледнее толку бесрамно се покажува таква суета.

gz03

Тоа што најмногу ме натажува е што овие надуени лица без ниедна брчка посочуваат на длабока вкоренета несигурност, па дури и несреќа. Со возраста треба да порасне самодовербата и да не ви се важни ситнодушните мислења на другите – но не и во овие случаи. Како поранешна манекенка, го разбирам притисокот врз овие жени да останат гламурозни – а да не ја спомнуваме и тивката тага како што вашиот изглед избледува – но јас цврсто верувам дека е совршено возможно да се задржи нешто што не може да се опише со зборови – без да легнете под нож.

gz04

Немојте да ме разберете погрешно; не гледам ништо лошо во тоа нешто да се подотера. И јас самата паѓав во искушенија. Е сега, мислам дека секој драматично младешки изглед би изгледал толку неприродно што би било смешно. Но, сѐ повеќе мои врснички не знаат кога да запрат. Донатела Версаче (61), Феј Данавеј (75), Мелани Грифит (58), Ким Новак (83), Оливија Њутн Џон (67), Мег Рајан (54). Сите со голем постигнат успех и убавици – се направија себеси да изгледаат сосема спротивно од тоа.

gz05

Нивната кожа е толку затегната и блескава, нивните усни со големина на перница и бради толку остри што би можеле да сечат леб со нив. Уште помалку смисла има кога ќе ги споредам со тие кои не се плашат да ги носат брчките со гордост и да останат олицетворение на гламур. Џоан Колинс има неверојатни 83 години. Да,таа има извесен „изглед“ – толку многу шминка и перики не се за мене – но не може да се одрече дека луѓето со право се вртат по неа. Свесна сум за гласините дека и таа имала некои „поправки“ – нешто што таа го одрекува. Но дури и ако навистина е така, тогаш таа или нејзиниот хирург покажале здраво воздржување.

gz07 gz08

Брчките околу носот остнале сите да ги видат. Џоан кажала: „Би било лудо да ги немам на моја возраст. Не сакам изгледам како пластична Барби кукла.“ Слушнете, слушнете…

gz09

Токму поради тоа мислам дека е толку тажно кога ќе ја видам Барбара Стрејсенд и таквите како неа. Со нивниите очајни обиди да го вратат времето, тие ги омаловажуваат нивните достигнувања. Време е да се прифати тоа што е овде и сега – да се престане да се воздивнува по она што некогаш сме биле.

Сподели на Facebook
пати видено