Една арапска принцеза се заљубила во еден роб толку многу што сакала да се омажи за небо. Колку повеќе нејзиниот татко се спротиставувал и колку повеќе се обидувал да је отргне од таа ЉУБОВ, принцезата се повеќе го сакала робот.

Еден ден се појавил еден мудрец кој му рекол:
– На погрешен пат сте, калифе. Ако и забранувате да се гледа и да се омажи за него, таа се повеќе и повеќе ќе се заљубува во него.
– Па што да правам мудрецу? – го прашал калифот
Мудрецот му дал еден предлог. Калифот бил скептичен ама сепак на крајот решил да го послуша. Ја повикал принцезата кај него и и рекол:
– Мила моја ќерко, долго размислував, па решив да ја ставам на проба вашата ЉУБОВ. Ќе бидеш заклучена 30 дена и 30 ноќи во истата ќелија заедно со него. Ако и после тоа, сакаш да се омажиш со него, ќе го добиеш мојот Благослов.

Принцезата од голема радост го прегрнала својот татко и радосно ја прифатила неговата понуда.

Првите неколку дена се било совршено. Потоа почнала да чуствува некоја досада. После една недела, осетила дека има потреба за друштво, бидејќи разговорите од момчето се повеќе почнале да и стануваат монотони. Откако поминале десетина дена, таа неможејки повеќе да издржи се фрлила на вратата на келијата и почнала силно да тропа и да вика за да и отворат. При излегувањето, од келијата… плачејќи таа му се нафрлила на својот татко во прегратка заблагодарувајќи му што ја ослободил од човекот кој повеќе не го сакаше.

ПОУКА: ЗА ВИСТИНСКИ ОДНОС И ВИСТИНСКА ЉУБОВ ПОТРЕБНО Е ДОБРО ДА ГО ЗАПОЗНАЕШ ЧОВЕКОТ ШТО ГО САКАШ. СЕ ДРУГО Е МЛАДЕШКИ ЗАНЕС!!!

Сподели на Facebook
пати видено