Ѓаволот фатил Русин, Македонец и Американец и им рекол:
– Кој ќе ми покаже што е тоа вистински ќеф, ќе го пуштам жив, ако не – во пеколот!
Русинот го поканил на вотка. Пиеле вотка, мезеле со краставички и така цела ноќ. Ѓаволот се израдувал:
– Ќеф, ќеф, ќеф!
Наутро очите матни, глава го боли… Ѓаволот се налутил:
– Ова ли е ќеф бе – и оп Русинот во пеколот.
Американецот го поканил на виски. Пиеле виски, мезеле со ф’стаци и така цела ноќ. Ѓаволот се израдувал:
– Ќеф, ќеф, ќеф!
Наутро очите матни, глава го боли… Ѓаволот се налутил:
– Ова ли е ќеф бе – и оп Американецот во пеколот.
Македонецот го однел во една кафеана и нарачува:
– Гајба пиво и 50 кебапчиња.
Испиле по три пива и Ѓаволот:
– Ми се моча!
– Чекај! Не брзај! – Го запрел Македонецот.
Испиле по седум пива и на Ѓаволот веќе му се плачело:
– Ми се моча-а-а-а…
– Чекај! Не брзај! – Го запрел Македонецот.
Ја испиле целата гајба пиво, а Ѓаволот веќе лелекал:
– Ми се моча-а-а-а!!!
– Доста плачеш! Ајде, оди мочај! – Му дозволил Македонецот.
Отрчал Ѓаволот зад аголот и се слушнало олеснително стенкање:
– Оооо, е ова било вистински ќеф…

Сподели на Facebook
пати видено