Понекогаш велат дека животното е поисплашено од вас отколку што сте вие од него. Но, понекогаш животинскиот свет може да биде толку одвратен, што сте сигурни дека вие сте поисплашени од нив. Кога животно изгледа како чуден колбас со опашка од 12 сантиметри и се движи низ вашиот дом тогаш сигурно би биле барем малку вознемирени.

Бекс Дин го снимила оваа суштество во нејзиниот дом во Саутемптон, Англија. Таа побарала помош на интернет, за да ѝ кажат за какво суштетсво се работи. Иако поголем дел од луѓето не знаеле и биле згрозени од глетката, еден интернет корисник смета дека успеал да го идентификува нејзиното „чудовиште“.

Тој мисли дека станува збор за „ларва со опашка“ од која треба да излезе т.н „цветна мува“. Оваа мува наликува на пчела. Опашката се употребува како цевка за дишење кога ларвата е под вода, бидејќи нема жабри. Тие најчесто можат да се најдат во застоена вода и оттаму излегуваат кога треба да се претворат во муви.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено