Сите правиме грешки во животот, но колку ќе дозволиме тие да влијаат врз нас зависи од нас самите. Животот не е математичка задача, но може да се опише со помош на една.

Во училиште на час по математика професорот решавал задачи. Едно девојче почнало да се смее откако професорот напишал погрешен одговор на таблата. Но не го очекувала она што се случило потоа.

Професорот на таблата го напишал следново:

9Х1=7
9Х2=18
9Х3=27
9Х4=36
9Х5=45
9Х6=54
9Х7=63
9Х8=72
9Х9=81
9Х10=90

Кога завршил со пишувањето се свртел кон учениците и тие сите почнале да се смеат поради првиот погрешен резултат. Тогаш професорот им рекол:

„Намерно направив грешка со првиот резултат, затоа што сакам да научите нешто многу важно. Ова беше за вас, за да сфатите како светот ќе се однесува со вас. Видовте дека 9 пати го напишав точниот резултат, но никој не ми честиташе за тоа. Сите се смеевте и ме критикувавте за една грешка. Лекцијата е дека светот никогаш нема да го цени она што ќе го направите добро, дури и милион пати, но ќе ве критикува за една грешка која што ќе ја направите. Нека не ве обесхрабрува ова. Секогаш треба да се издигнете над потсмевот и критиките. Бидете силни.“

Сподели на Facebook
пати видено