Оди еден човек на доктор. Во болницата има двајца дежурни доктори – оптимист и песимист.
„Ќе одам кај оптимистот“ – си мисли човекот.
– Докторе, ме боли стомакот.
– Ништо де, и мене ме боли, до утре ќе ти помине.
– Ме боли и главата.
– Сигурно не си наспан, одмори и ќе ти помине.
– Докторе, вчера не ми стана.
– И мене ми се случува понекогаш.
„Овој ништо не ми кажа, подобро да отидам и кај песимистот“.
– Докторе, ме боли стомакот.
– Рак на дебелеото црево, ти давам максимум 2-3 месеци.
– Ме боли и главата.
– Ау, сигурно е некој тумор, ти останува уште 1 месец живот.
– Докторе, вчера не ми стана.
– А што ќе ти е да ти станува, за да ти го потпира ли капакот од ковчегот?

Сподели на Facebook
пати видено