Ова бизарно суштество предизвикало страв и чудење во еден дом во Индонезија. Сопственикот на домот Хари Тоае вели дека го снимил суштеството како ползи по плафонот во неговиот дом во Бали. Мистериозното суштество има крила и четири пипала со различна должина.

Се чини дека има одредени карактеристики со видот наречен Creatonotos gangis, кој го има во југоисточна Азија и Австралија. Овој вид на молец ги има сличните карактеристики како овој на видеото, но не може да се каже со сигурност дека станува збор за истото суштество.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено