Груевски пред да падне од власт отишол на посета кај Путин. Се возат со некоја нова лимузина, уште појака од Мерцедесот, па Груевски го прашува домаќинот:
– Одличен автомобил, Владимир Владимирович, ваш ли е?
– Мој е! – вели Путин.
– Сакате ли и вие ваков?
– Кој би одбил! – одговара Грујо.
– Запиши: „Лимузина за Премиерот на Македонија!“ – Му диктира Путин на секретарот.
Малку подоцна двајцата се качуваат на јахта.
– Ваша ли е, Владимир Владимирович, многу е убава.
– Моја е, сакаш ли таква?
– Кој би одбил! – одговара Груевски.
– Чкртни ја лимузината, напиши: „Јахта за г-дин Груевски.“
Се стемнило и се качиле во хеликоптер.
– Ова е некој нов модел, ваш ли е?
– Мој е – гордо одговара Путин. Сакаш ист ваков?
– Не можем да речам не! – не ја крие радоста Грујо.
– Чкртни ја јахтата и пиши: „Хеликоптер за нашиот македонски пријател.“
Вечерта двајцата политичари одат во ноќен клуб. Од некаде се појавува една јака плавуша и му седнува во скут на Владимир Путин.
– Прекрасна е, ваша ли е? – Прашува Груевски.
– Моја е! – одговара домаќинот. – Односно, веќе е твоја!
Грујо си мисли, мисли и си вели на умот: „Да изгубам таков хеликоптер за некоја плавуша…“ и потоа на глас вели:
– А, не не Владимир Владимирович, не е за мене, немам јас к*р за таква женска.
– Чкртни го хеликоптерот и запиши: „К*р за г-дин Груевски.“

Сподели на Facebook
пати видено