Возачите во еден кинески град се збркани од голем билборд со слика на нов пат на крајот на регионалниот автопат. 3D билбордот е ставен на клучката крај градот Бинжу, источна Кина, со цел да се прикаже планот за новиот автопат во областа.

Автопатот со четири ленти намерно е прикажан во 3D ефект, за гледано под извесен агол да се чини како продолжение на сегашниот автопат. Ова можеби на дизајнерот му се чинело како атрактивно и оригинално, но многу возачи ја изразиле својата загриженост на социјалните медиуми. Еден од нив пишува:

„Ова значи дека владата има вишок пари со кои не прави ништо. Билбордот нема никаква полза за јавноста. Уште повеќе, може да доведе во опасност некој кој патува ноќе“.

Локалните власти сѐ уште не се произнеле за овој случај, а сега за сега не се забележани никакви несреќи предизвикани од овој крајпатен знак.

пт01 пт02 пт03

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено