Девојката се обидела да го привлече вниманието на своето момче коешто било премногу зафатено со играње видео игри, така што му праќала жешки слики со неа облечена во едноделен костим на жена-мачка со длабоко деколте, со пораката: „Дојди ваму, го пробав мојот костум за викендов“. Тој одговорил со една слика на неговата рака како држи конзола. Непоколебана, таа пратила уште една фотка на која поубаво се гледа деколтето и со зборовите: „А дали ова ќе ти го смени мислењето?“, по што тој одговорил: „Не, зафатен сум“. Потоа му го покажала задникот со зборовите: „Последна шанса“, а веднаш пота следел и поблизок кадар на нејзините бујни гради со коментарот: „Ми треба помош да го соблечам ова“. Бесрамниот гејмер ѝ одговорил со слика на Grand Theft Auto V.

Откако одбил да ѝ „помогне“ да го соблече тесниот костум и продолжил да игра ја игра насилната игра  Grand Theft Auto, го откачила. Подоцна раскажала дека тоа бил последната давеничка сламка за која се фатила за да го привлече вниманието на нејзиното момче. Што мислите вие за оваа работа?

 gl02  gl04  gl06

Сподели на Facebook
пати видено