Предупредување: оваа статија содржи слики и видео кои можат да ве вознемират. Шокантното однесување на група фоки на далечниот остров Марион на Антарктикот било снимено на камера. Во четири случаи научниците документирале како фоки сексуално злоставуваат кралски пингвини. Во три од случаите, фоката по сексуалниот чин ги пуштала пингвините, но во четвртиот цицачот ја убил птицата.

Видео снимките подолу прикажуваат како огромна фока напаѓа женка кралски пингвин и ја присилува на сексуален однос. Птицата се обидува да се бори, но фоката е преколема. Јужноафриканските научници редовно го набљудуваат дивиот свет на островот Марион за да забележат дали има невообичаено однесување. Нико де Брујн од Институтот за проучување на цицачите при универзитетот на Преторија, Јужна Африка за ВВС изјавил:

„Искрено не очекував тоа што се случи во 2006 да се повтори пак, а особено не неколку пати“.

sa-1

Во сите четири инциденти, фоката ги бркала пингвинот, по што ја соборувала и му се качувала. Потоа фоката се обидувала да се пари со него, па се одморала и се обидувала пак.

sa-2

Експертите сметаат дека ова можеби е научено однесување, бидејќи инцидентите се случиле со четири различни фоки, што значи дека нападите можат да се повторат. Но причината поради која фоките почнале да се однесуваат така е непозната.

Истражувачите објаснуваат:

„Да се определи што точно ги тера на невообичаеното однесување е речиси невозможно. Но, сепак може да се претпостави која е причината на сексуалниот напад врз единки од друг животински вид.“

sa-3

Де Брујн сметал дека сексуалниот чин бил резултат на предаторското однесување на фоката кој бил пренасочен во сексуална возбуда. Но по нападот од 2011 година тој го сменил своето мислење, верувајќи дека однесувањето можеби е научено.

sa-4

Истражувачите шпекулираат и дека фоките можеби се сексуално неискусни или фрустрирани, или едноставно се работи за чин на агресија. Напаѓачите можеби имаат тешкотии да си најдат партнер кај женките од нивниот сопствен вид.

Scientists Capture Unique Footage Of Seals Attempting To Mate With Penguins sa-6 sa-7

Сподели на Facebook
пати видено