Во Нигерија, кон крајот на септември зпочнаа инспекциски контроли на неформалните исламски училишта и центрите за рехабилитација. Откако на еден човек не му дозволиле да си ги види своите внуци во едно од училиштата, тој го пријавил случајот во полиција.

Инспекторите открија дека во институциите под капа на исламот, во кои родителите ги праќале своите деца, со цел не само да учат, туку и да ја подобрат дисциплината или да се ослободат од лошите навики, се практикувало сурово постапување со учениците. Учениците ги хранеле еднаш дневно, постојано ги тепале, ги силувале и ги држеле оковани со синџири за да не избегаат. Речиси 1.500 ученици веќе се ослободени.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено