Замокот Шенонсо кој се наоѓа во близина на малото село Шенонсо во Франција, е еден од најпознатите замоци на долината на Лоара. Тој е особено посебен поради тоа што е изграден над реката Шер, која во сончевите денови е толку мирна што наликува на езеро. Втората работа поради која е познат овој замок е тоа што бил изграден, одржуван, заштитен, сакан и одбрануван од речиси непрекината низа на жени, во период од четири века. Поради тоа замокот е познат и како „Замокот на дамите“.

Замокот бил изграден во почетокот на 16-тиот век од страна на Томас Бохиер, кој бил во служба на кралот Чарлс VIII од Франција, кој ја купил локацијата и го уништил стариот замок и мелницата што стоела таму за да направи место за замокот. Жената на Томас, Кетрин Бричонет, ја надгледувала целата изградба. Но, по смртта на Томас, замокот бил запленет од кралот Францис I за неплатени долгови, а по смртта на кралот завршил во рацете на неговиот син Хенри II.

Хенри Втори, пак, го подарил замокот на својата љубовница, Дајана, која стана многу приврзана кон него. Таа го разубавувала замокот, додала градини и изградила мост преку реката Шер. Откако Хенри II бил убиен во трагична несреќа во 1559 година, неговата вдовица Кетрин де Медичи ја искористила можноста и ја принудила Дајана да го напушти замокот. Кетрин потрошила богатство реновирање и проширување на замокот. Таа ја додала познатата италијанска ренесансна, стилска двоспратна галерија која го засенила мостот изграден од Дајана.

По смртта на Кетрин во 1589 година, замокот отишол кај нејзината снаа, Луиз де Лорен-Ваудемон, сопруга на кралот Хенри III. Кога Хенри III бил убиен истата година, Луиз паднала во депресија. Таа ја бојадисала нејзината соба во црно и се затворила во замокот и тагувала. На крајот Луиз го препуштила замокот на нејзината внука, која тогаш имала само шест години, но веќе била ветена за четиригодишниот син на Анри IV и неговата љубовница. Во следните сто години замокот останал напуштен, бидејќи Бурбонците не биле заинтеренсирани за замокот.

Во 1733 година, имотот го стекнал богатиот племеник по име Клод Дупин. Неговата сопруга, Луис Дупин, основала литературен салон во Шенонсо привлекувајќи брилијантни умови на ерата како Волтер, Монтескје, Фонтенел и Буфон. Кога избувнала Француската револуција и демонстрантите се заканиле дека ќе го уништат Шенонсо, Луис Дупин го спасила замокот, потсетувајќи ја толпата дека е единствениот мост преку реката во околните неколку километри.

Последната жена која го оставила својот белег во замокот била Маргарита Пелозе, богата наследничка, која го купила замокот во 1864 година и почнала да го обновува. Таа речиси целосно ја обновила внатрешноста и отстранила неколку дополнувања на Кетрин де Медичи. За жал, Маргарита потрошила толку пари за реставрација и за раскошниот начин на живот што таа банкротирала и морала да го продаде замокот.

Сегашниот сопственик на замокот, Анри Мениер, го стекнал замокот во 1913 година и сè уште го поседува до ден-денес. На фотографиите подолу погледнете како изгледа замокот во внатрешноста.

Сподели на Facebook
пати видено