Докторите вината за епидемијата на дебелост ја фрлаат не врз недостатокот на телесна активност, туку врз шеќерот и јаглехидратите. Тие велат дека несоодветната исхрана сега е докажан чинител одговорен за повеќе болести отколку што тоа се телесната неактивност, алкохолот и пушењето заедно. А сепак, како што велат експертите предводени од кардиологот д-р Асим Малотра, јавноста погрешно верува дека сето тоа се должи на седентарниот стил на живеење. Докторите тврдат дека дебелоста во последните триесет години несразмерно се зголеми во светот во последните триесет години, и покрај незначителната промена на нивото на телесна активност.

Овој факт како виновник за зголемувањето на нашата половина ги посочува видот и количеството на калории кои ги внесуваме – вели д-р Малотра.

seker

Во Британскиот журнал за спортска медицина, докторите додаваат дека погрешната претстава за причината за дебелоста доаѓа од корпоративниот маркетникг, кој е ужасно сличен на маркетингот кој го употребува тутунската индустрија.

Како пример за тоа тие ја наведуваат компанијата Кока-кола кои во своите рекламни спотови сугерираат дека е совршено во ред да ги употребувате нивните пијалоци, сѐ додека редовно вежбате.

db02

Проф. Сузан Џеб советува дека најдобриот начин да ослабнете и воопшто да бидете поздрави е да ги комбинирате здравата исхрана и телесната активност, а не да се спротивставуваат тие нешта, така што едното би ви служело како оправдување за другото.

Сподели на Facebook
пати видено