Кога станува збор за погреби замислуваме тажна атмосфера, каде што луѓето плачат и се збогуваат со саканата личност. На еден човек од Даблин, Ирска не му се допаднал овој концепт на „тажен погреб“ и решил работите да ги земе во свои раце во моментите кога нема повеќе да е меѓу живите.

Пред да почине си организирал една мала шега за сите оние кои го сакале и почитувале и тоа го покажа неговиот вистински дух и карактер, а освен што ги насмеа присутните, го насмеа и светот со видеото од неговиот погреб.

Шеј Бредли знаел дека неговиот живот полека згаснува, но не сакал неговиот погреб на остави тага на лицата кои ги сака. Затоа тој решил да сними порака, која замолил еден пријател да ја стави во неговиот ковчег и да ја пушти во одреден момент од самиот погреб.

Додека сите присутни натажено го испраќаат Шеј одеднаш се слуша чукање од ковчегот. Потоа се слуша глас кој вели: „Здраво, здраво! Пуштете ме надвор тука е е*ено темно! Каде сум по ѓаволите? Дали тоа слушам поп?“ Насмевките на лицата на луѓето покажуваат каква легенда бил Шеј, кој реши да си замине со стил и сите да продолжат да го паметат по неговата непроценлива смисла за хумор.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено