Глен Торман, кој е шеф на противпожарна служба за Источен Јордан, Мичиген, вели дека овие две фотографии биле направени од неговата безбедносна камера.

Првата фотографија прикажува нејасна слика директно над неговиот камион. Втората фотографија го покажува замаглениот објект како се оддалечува.

„Реков ‘Тоа е ангел!’ И бев едноставно вчудоневиде.“, вели Глен. Тој веднаш ги испратил фотографиите до својот пастор во Црквата Јорк Риверс, Денил Мос, кој потоа ги објавил сликите на Фејсбук.

„Тоа е ангел. Претпоставувам дека нема сомневање дека некој го чува домот додека спиеме и да, се молат ангелите на Господ да го опкружат нивниот имот.“, напишал Мос.

Фотографијата предизвикала и многу скептицизам кај луѓето на социјалните мрежи. „Веројатно е молец блиску до камерата, надвор од фокусот и крилјата се движат брзо за камерата што прави 7.5 фрејмови во секунда“, напишал еден корисник на Фејсбук.

Сепак локалните жители го поддржуваат Глен и велат дека навистина станува збор за ангел. Што мислите вие?

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено