Северна Кореја се подготвува да ја детонира нуклеарната бомба по повод нивниот најголем национален празник “Денот на сонцето” во сабота, поради зголемените тензии со претседателот Доналд Трамп. Наводно земјата е во завршна фаза на подготовка за својата шеста нуклеарна проба. Претходно на странските новинари во земјата им било кажано да се подготват за голем и важен настан за денес.

Се верува дека веќе ја ставиле нуклеарната направа во тунелот во Пингуе-ри, местото за нуклеарни проби. Тензиите во регионот се на високо ниво откако Трамп испрати американска морнаричка група за напад кон западниот Пацифик, а Северна Кореја предупреди за нуклеарен запад за било каков вид на агресија од страна на САД.

Немаше директни индикации дека големиот настан закажан за денес има некаква врска со тензиите во земјата. По повод на 105 годишнина од “Денот на сонцето” во Пјонгјанг биле поканети 200 странски новинари. Официјалните органи на државата не дале информации за што се работи, иако во минатото слични вакви изјави завршувале со помали и не толку битни настани.

На пример во 2016 новинарите биле подложени на повеќечасовна истрага од севернокорејските власти, само за да на крајот испадне дека се работи за концерт по повод одбележување на победата на владејачката партија.

Во изминативе четири недели американската база која ја набљудува Северна Кореја забележала “невообичаено високо ниво на активност” во Пингуе-ри, местото за нуклеарни проби. Сателитски слики од 2ри Април покажуваат дека има повеќе активности во северниот дел, каде што се наоѓа тунелот во кој се случија четири најнови нуклеари тестирања.

Претседателот на Кина  Кси Џинпинг повика на мирно решавање на проблемот со Северна Кореја во телефонски разговор со претседателот Трамп. Сето оваа со јавноста Трамп со сподели преку Твитер профилот.

“Имав многу добар повик минатата вечер со претседателот на Кина во врска со заканата од Северна Кореја.” Потоа во следниот твит напиша “Му објаснив на претседателот на Кина дека трговските односи со САД значително ќе се подобрат ако го решат проблемот со Северна Кореја!”

Трамп е загрижен за нуклеарната технологија која што ја развива Северна Кореја и според следниот твит е самоуверен во решавање на проблемот. “Северна Кореја бара неволја. Ако Кина одлучи да ни помогне тоа би било супер. Доколку не сака, ние ќе го решиме проблемот без нив! С.А.Д”, напиша Трамп.

Пјонгјанг ја крена сабјата против САД во понеделникот откако морнаричка група за напад на САД се најде во близина на Корејскиот полуостров. (Види тука)

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено