Осудениот сериски педофил, кој беше осуден на повеќе од 300 години затвор е ослободен на техничка основа. 46-годишниот Мајкл Трејси Мекфаден бил ослободен од државниот затвор во Колорадо во вторникот, откако апелациониот суд утврди дека неговото судење во 2015 година било одложено надвор од законските барања и ја отфрлиле пресудата.

Апелациониот суд во Колорадо одлучил дека на Мајк не може повторно да му се суди по обвиненијата за сексуално злоставување на шест мали момчиња и девојчиња. Тој исто така нема да мора да се регистрира како сексуален престапник. „Ние сме без лек. Јас сум запрепастен.“, изјави окружниот обвинител на округот Меса, Дан Рубенштајн.

Обвинителот Дејвид Вејт, кој работел на случајот објаснил дека педофилот се спријателувал со луѓе ко имале мали деца, ја добивал нивната доверба, а потоа децата ги носел на излет во шумата каде што ги злоставувал. Неговото судење било одложено откако адвокатите на одбраната се обиделе да ги вклучат одредбите во прашалникот на поротниците за да им помогнат во изборот на поротници.

Одбраната двапати се согласила да се откаже од условите за брзо судење, според Рубенштајн. Сепак, апелациониот суд утврдил дека Мекфаден „не се откажал“ од неговото право на брзо судење и пресуди дека судењето било одложено против условите за брзо судење на Колорадо. Тој првично требал да има можност за условна казна на 12 февруари 2331 година.

Сподели на Facebook
пати видено