Можеби бил верен заштитник на британската империја, но британскиот министер бил голем вљубеник во Ориентот и исламот.

Семејството на сер Винстон Черчил го молело да „се бори против желбата“ да стане муслиманин, се открива во новооткриено писмо. Премиерот кој во Втората светска војна ја предводел Британија до победа бил толку обземен од исламот и културата на ориентот што членовите на неговото семејство му пишувале за да го разубедат во неговата намера.

cc

Во писмо датирано во август 1907 година, неговата јатрва му пишала: „Те молам немој да минеш во ислам; Забележав во твојот став една тенденција да се ориентализираш, да се однесуваш како паша. Навистина забележав. Ако дојдеш во допир со исламот, твоето преобраќање би било повлијаено повеќе отколку што би можел да си претпоставиш, повикот на крвта, зар не знаеш што мислам, бори се против тоа.“

Писмото, најдено од Ворен Доктер, историчар-истражувач од универзитетот Кембриџ, било напишано од лејди Гвендолин Берти, којашто била мажена за Џек, братот на Винстон Черчил.

„Черчил никогаш сериозно не размислувал да премине во ислам“, вели д-р Доктер. „Тој повеќе или помалку бил атеист. Но, сепак навистина бил фасциниран од исламската култура, што било честа појава кај луѓето од Викторијанската ера.“

Черчил имал можност да го набљудува исламското општесво кога служел како офицер во британската армија во Судан. Во писмо адресирано до лејди Литон од 1907 година, Черчил напишал дека посакувал да стане паша, благородничка титула во Османската империја. Приватно дури и се облекувал во арапска облека – ентузијазам кој го споделувал со својот добар пријател, поетот Вилфрид С. Блант. Но, д-р Доктер смета дека семејството на Черчил никогаш не требало да се грижи за тоа дека тој би можел да ја смени верата.

„Лејди Гвендолин Берти веројатно била загрижена бидејќи Черчил заминувал на турнеја низ Африка и знаела дека ќе се сретне со неговиот пријател Вилфрид С. Блант, кој бил познат арабист, антиимперијалист и поет. Иако тој и Черчил биле пријатели и понекогаш се облекувале во арапска облека за време на екцентричните забави на Блант, тие ретко се согласувале еден со друг.“

Во 1940 година, кога Черчил застанал на чело на Британија во борбата против нацистичка Германија, ја дал својата поддршка за изградба на големата Лондонска централна џамија во Риџентс Парк, и за таа цел издвоил 100 000 фунти, во надеж дека на тој начин ќе ја добие поддршката од муслиманските земји во текот на Втората светска војна. Подоцна во британскиот парламент изјавил: „Многу од нашите пријатели во муслиманските земји изразија благодарност за овој подарок.“

Но, иако бил гласен за својот восхит кон исламот, Черчил не бил некритичен кон него. „Фактот дека според Мухамеданскиот закон секоја жена мора да му припаѓа на некој маж како негова апсолутна сопственост, било како ќерка, или како сопруга или конкубина, сигурно ќе го одложи исчезнувањето на ропството сѐ додека исламската вера не престане да има голема моќ меѓу луѓето“, пишува во својот извештај за Судан од 1899 година, насловен како „Речната војна“.

„Поединците муслимани можеби покажуваат извонредни квалитети, но влијанието на религијата го парализира општествениот развој на тие кои ја следат. Не постои поретроградна сила во светот. Далеку пред умирање, мухамеданството е милитантна и прозелитска вера.“

Д-р Докерт го нашол писмото додека истражувал за неговата претстојна книга „Винстон Черчил и исламскиот свет: Ориентализмот, царството и дипломатијата на Блискиот Исток“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено