Мајки се исповедале за најчудните нешта што посакале да ги јадат за време на нивната бременост – и тоа навистина чудни. Покрај вообичаените кисели краставички, се појавиле и некои доста чудни одговори кога Редит корисничката schwiggidee го поставила тоа прашање. Една мајка вели дека посакала да јаде трева кога била бремена. Иако ова звучи неверојатно чудно, овој феномен е познат како пика – желба за супстанции кои не се храна – и може да им се случи на жени кои се анемични за време на нивната бременост.

cd01

Некои мајки споделиле за вампирска желба за крв, која вообичаено се јавува кога нивото на железо во крвта кај идната мајка е многу ниско.

cd02

„Во моментот сум бремена. Додека го гледав филмот Бафи пред некој ден, ми се присака да пијам крв. Си направив телешка чорба и тоа за малку го погоди тоа чувство“, вели една таква мајка.

cd03

Најчесто се јавува желба за јадење земја или глина, но има и случаи кога млади мајки посакувале да јадат чкорчиња, па дури и шминка.

Сподели на Facebook
пати видено