Парот од Мичиген се појави на насловните страни кога на овој свет го пречекаа нивното 13-то по ред момче. Сега тие очекуваат уште едно бебе и се надеваат дека овој пат ќе биде девојче. Џеј и Катери Швандт се решени да чекаат до април, кога ќе се роди детето за да го дознаат полот.

„Јас многу би сакал да имам девојче, но мислам дека тоа го нема во нашите карти.“, изјавил Џеј.

Тие веќе ги имаат Тајлер, 24, Зак, 21, Дру, 20, Брендон, 18, Томи, 15, Вини, 14, Калвин, 12, Габе, 10, Весли, 8, Чарли, 7, Лука, 5 години и Такер, кој ќе наполни 4 години во август.

Нивното 13-то дете ќе наполни две години. И иако шансите новото дете да биде женско се прилично мали, родителите со радост го очекуваат неговото доаѓање и не се грижат за финансиското оптоварување што може да дојде.

„Кога имате три исто како да имате десет. Има само повеќе хаос и врева. Но, ништо ново на што не сте навикнале.“, вели Катери. Сопружниците одлучиле да престанат по 13-тото дете, но не можеле да издржат без бебе во куќата. Џеј вели дека сега конечно се одлучни да престанат откако ќе се роди 14-тото бебе.

Сподели на Facebook
пати видено