Семејство сакало да си купи куќа и почнале да разгледуваат понуди на интернет. Најмногу им се допаднала куќа во мирното предградие Мејпл Глен во Филаделфија.

Овој дел од предградието е во колонијалниот стил, имотот бил со површина од 1500 квадратни метри, а куќата однадвор и во внатрешноста изгледала целосно традиционално.

На прв поглед совршен семеен дом. Но, кога одлучиле да ја разгледаат куќата сфатиле дека таа крие „мрачна“ тајна на која можат да ѝ подзавидат и „50 нијанси на сиво“.

Иако просториите во горниот дел на куќата се сосема „нормални“, во самиот подрум се крие нешто многу поразлично. Убавата куќа има огромна „Секс зандана“!

Освен што занданата била целосно опремена имала и „романтични светла“ за подобра атмосфера. Луѓето не можеле да си поверуваат дека нешто што изгледа толку „невино“ однадвор може да крие ваква просторија.

Иако луѓето не се одлучиле да го купат домот, можеме да претпоставиме дека Кристијан Греј и Анастасија Стил од „50 нијанси на сиво“ би биле идеалните купувачи на овој „семеен дом“.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Сподели на Facebook
пати видено