Семејство поставило камери во нивниот дом откако почнале да стравуваат дека ги „прогонува демон“ и останале преплашени кога откриле активност слична на Полтергајст.

Роберт, Паулин и нивниот син Бери живеат во иста куќа во Гравесенд, Кент десет години. Сепак пред 6 години тие почнале да забележуваат чуди работи во собата на 33-годишниот Бери и сметаат дека во неа можеби има „портал“ до другата страна.

Семејството станало толку преплашено што сакале да донесат свештеник или пак паранормален истражувач. Тие одлучиле да не го прават тоа во случај духот да е некоја блиска личност. 54-годишниот Роберт вели: „Тоа е навистина чудно место за живеење. Пријателите и соседите велат дека се плашат да дојдат, особено кога ќе се стемни. Кога некој ќе дојде ву вели ‘чао’ и на духот. Понекогаш ја треска вратата кога некој ќе го направи тоа. Разговаравме да направиме нешто да го избркаме, но не го направивме тоа во случај да се работи за мојот татко или мајка.“

Голем дел од наводната паранормална активност се базира околу Бари и неговата спална соба. Инциденти вклучуваат луѓе кои го гледаат или го слушаат во куќата кога тој не е во неа, црна форма која што го следи и трескање на врати.

„Сум ја видел таа сенка три пати во куќата. Но, се обидува да се сокрие од мене секогаш кога ќе ја видам. Еднаш кога одев по скалите го почувствував ова присуство зад мене и се свртев и ја видов. Продолжив да се будам во 3.47 часот и слушнав тресок, а кога проверивме долу имаше разфрлано слики. Јас не мислам дека она што е тоа се членовите на семејството. Ако е така, тие не би нè натерале да се чувствуваме вака. Тоа е нешто друго. Тоа не е човек. Мислам дека тоа е демон.“, вели преплашениот Бери.

Тие не го откриваат презимето на нивното семејство и точната адреса, затоа што не сакаат љубопитни луѓе и паранормални истражувачи да го преплават нивниот дом.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено