Енди Гилхрист пиел кафе и јадел десерт со својата сопруга Кејти и нивната 9-годишна ќерка Грејс во хотелот со пет ѕвездички Икос Океанија, во средата вечерта, кога забележале молњи во далечина.

Но, за неколку секунди Енди вели дека огромниветришта почнале да дуваат и тешките стаклени прозорци од ресторанот биле однесени „како салфетки“, што може да се види на видеото најдолу.

48-годишниот Енди го снимил моментот кога персоналот и гостите ги отстрануваат стаклените работи по масите и се обидуваат да ги затворат стаклените прозорци пред да се откажат од тоа и да заминат на безбедно. сопругата и ќерката на Енди заедно со останатите жени од ресторанот влегле во тоалетот за да се заштитат.

Бурата која траеше скоро еден час одзема 6 животи, од кои 2 се деца, на возраст од две и осум години. додека 23 лица според полицијата биле повредени.

Енди вели дека и персоналот бил преплашен и му кажале дека ниту тие ниту нивните родители не виделе толку страшна бура.

„Никој не би имал шанса надвор на бурата. Ако би биле на балконот, би биле 100 км подалеку кога ќе заврши. Ветерот дуваше најмалку 160 км на час.“ вели Енди. Енди додава дека бурата започнала како навистина интензивна молња на хоризонтот, но „со едно пукање на прстите“ дошла до целосна сила.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено