Фенси патување во стил, кампување во луксуз и ги имате сите удобности кои би ги посакале, што мислите за ова? Секако дека би сакале, кој не би?

Решението е „многу лесно“ само ви треба оваа камп приколка од 1,7 милиони евра и сте го решиле „проблемот“. Кампувањата ќе станат луксуз, а не проблем.

Ова чудовиште од 8 × 8, е изградено од австралиската компанија SLRV Expedition Vehicles. Нарачано од семејство од осум лица за да патуваат низ Австралија надвор од патот, тоа е луксузна камп приколка на осум тркала.

Семејството побарало од компанијата да го создаде најдобриот „стан на тркала“, и додека екипата, предводена од Ворвик Босвергер, никогаш порано не направила нешто толку технички напредно, тие едвај чекале да го преземат предизвикот.

Таа е комплетно опремена со машина за перење, а се чини дека има и огромен тостер. Додека внатре има 10 кревети, комплетно опремена кујна, трпезарија, дневна и бања.

„Нашите клиенти се заинтересирани да ја истражуваат земјата, па дури и светот. Тие сакаат да влезат на места што караваните и слично не можат да ги однесат. Тие сакаа да бидат самодоволни дури и среде никаде. Сопственикот сакаше да биде како единица. Тој сакаше клима и топло греење и горе и долу. Во семејството има шест деца, така тоа значи и многу уреди за готвење и чистење.“, објаснува Ворвик.

Станот на тркала вклучува: целосно функционална кујна; надворешна кујна; две индукциски печки; две релни; две микробранови; фрижидер и замрзнувач; машина за перење; канално греење и клима; звучни системи и „доволно телевизори за да нема кавги за гледање филмови.“

Сподели на Facebook
пати видено