Семејство од Данска кое резервирало стан на апликацијата AirBnb, за да го прослават 50-тиот роденден на ниваната мајка се шокирало кога во станот ги дочекало сценарио од „50 нијанси на сиво“.

25-годишната Ана Вигсо заедно со нејзините брат, сестра нивната мајка, сакале во Хамбург да поминат семеен викенд, но работите станале малку непријатни.

Тие дознале дури откако пристигнале дека станот се наоѓа над бордел и дека е во сопственост на борделот. Кога пристигнале една од проститутките им го покажала станот. Она што уште повеќе ги шокирало е што станот бил „декориран“ со садо-мазо „опрема“ и секс играчки, како и голема колекција на порно филмови и постери од голи жени.

Кога се симнале од такси проститутката која ги пречекала им кажала: „Навистина планирате да останете тука? Супер!“,а откако им го покажала станот им кажала и да внимаваат кога ќе се симнуваат долу поради девојките кои „работаат“ таму.

Девојката од Копенхаген вели дека на апликацијата немало никакви „траги“ дека станот се наоѓа над бордел, а исто така на фотографиите од станот ги немало „додатоците“ кои ги пречекале.

Сепак семејството решило малку да се насмее на своја сметка и имале одличен продолжен викенд во Хамбург и со сигурност нивната мајка имала незаборавен роденден.

Сподели на Facebook
пати видено