Пабот од 15-тиот век повторно ги отвори своите врати денес откако локалното население собра повеќе од 1 милион фунти и користеше малку познат закон за да го спаси од инвеститорите. 470 селани успеале да се организираат и да си го откупат саканиот паб.

Инвеститори ја купиле таверната во Саутсток, Сомерсет во 2016 година од бизнисмени и сакале на местото на пабот да изградат станови. Купувачот имал планови да го претвори имотот во приватна резиденција, што предизвикало гнев меѓу жителите кои го купиле пабот користејќи го Локалниот закон од 2011 година за да го претворат пабот во средство на заедницата.

Првата понуда на заедницата за купување на пабот била одбиена од страна на продавачот, но поради законот што го иницирал советот, имотот морал да се продаде за една година. Меѓу нив, тие собрале 1.025.000 фунти за да го откупат Пакхорс ин, пабот.

Првиот жител кој го наточил првото пиво во повторно отоврениот паб бил 87-годишниот Брајан Перкинс, кој се родил таму, а подоцна и се венчал, во периодот кога пабот бил поседуван од неговото семејство.

На камената плоча над вратата на пабот, пишува дека зградата била изградена во 1674 година, но историчарите тврдат дека куќата постои од 1498 година.

150 години сопственоста била пренесувана помеѓу семејствата и бизнисмените кои го одржувале Пакхорс како вистински селски паб. За време на реновирањето биле пронајдени „дупки за свештеници“. Овие дупки биле користени во 16 век за да ги сокријат католичките свештеници, кои во тоа време биле прогонувани.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено