Еден селанец си чувал многу свињи. Еден ден дошол инспектор и го прашал:
– Со што ги храните свињите?
– Па, кога има пченка со пченка, инаку со отпадоци од храна. Зошто?
– Јас сум од Здружението за заштита на животните. Не ги храните како што треба – тие не треба да јадат отпадоци. – И го казнил.
По два дена дошол друг инспектор и го прашал со што ги храни свињите.
– Па, со лосос, кавијар, со ракчиња. Зошто? – Прашал селанецот.
– Јас сум од ООН. Не може, кога милиони луѓе умрат од глад, вие да ги храните свињите со деликатеси. – Исто така го казнил. По неколку дена дошол трет инспектор и го прашал селанецот со што ги храни свињите.
– Па, јас не ги хранам! Им давам по 100 денари на ден, да си купат што им се јаде! – одговорил луто селанецот.

Сподели на Facebook
пати видено