Медот е еден од најполезните прехранбени производи кои човекот ги добива директно од природата. Лекарите се категорични дека од 24-те најнеопходни состојки кои на организмот му се потребни за здрав живот, медот содржи 22. Но, колку се чесни трговците со мед? Дали медот кој го купуаме е чист или имитација направена од глукоза, аромати и прехранбени бои? Ова може да се дознае за неколку секунди со многу едноставни тестови.

md

1. Сипете малку мед во чаша вода. Ако медот ја промени својата боја и веднаш се раствора во водата, тогаш во него сигурно има примеси.

2. Натопете салфетка во медот и потоа запалете ја со кибрит. Ако медот гори, значи е вистински. Ако нема пламен, тогаш медот не е чист.

3. Капнете си малку мед на ноктот. Доколку медот веднаш започне да се растекува, вашите пари сте ги фрлиле во ветер. Ако капката остане компактна, располагате со вистински мед, кој уште од древноста се сметал за еликсир за здравје, убавина и долговечност.

Сподели на Facebook
пати видено