Мачо е многу умен Џек Расел териер. Тој бил на профетка во паркот со својот сопственик во Санкт Петербург, Русија. Одеднаш кучето почнало да се однесува чудно и да го влече сопственикот кон грмушките.

Пензионерот решил да го послуша својот пријател и неговата одлука и упорноста на Мачо спасила живот.

Во грмушките имало новородено бебе, кое било старо напуштено веднаш по раѓањето. Малото девојче билоз авиткано во маица и не плачело туку само ги испружало рачињата и ножињата. Човекот бил шокиран од глетката и веднаш го однел бебето во болница.

Детето не плачело затоа што било на работ на смртта и страдало од хипотермија и недостаток на кислород. Лекарите велат дека најверојатно претходно плачело со часови, но за жал никој не го слушнал. Бебето тежело само 2,2 килограми.

„Многу е малку веројатно дека ќе беше забележана ако небеше Мачо. Ова интелигентно куче го повлече својот сопственик – многу против неговата волја – кон напуштената област на паркот. Длабоко во грмушките човекот видел нешто мало завиткано во маичка.“, изјави портпаролот на Руската национална гарда.

Пет дена подоцна, медицинскиот персонал вели дека детето е прилично подобро и сега се уверени дека ќе преживее. „Таа е борец“, изјавила една од медицинските сестри. Полицијата започнала потрага по мајката, а херојот Мачо ќе биде награден, додека неговиот сопственик сака да остане анонимен.

Сподели на Facebook
пати видено