На Новогодишната ноќ во 1944 година на двајца млади им се сретнале погледите и веднаш се вљубиле – во внатрешноста на студените ѕидови во концентрациониот логор Ченстохова во Полска. Во логорот било забрането мажите и жените да зборуваат меѓу себе, но стражарите им дозволиле да минат време заедно во женските бараки токму ноќта кога Сиги и Ханка Зигрих лудо се вљубиле.

„Кога ни се сретнаа погледите, ме удри гром“, вели Сиги. „Едноставно во истиот миг знаев дека таа е вистинската. Сѐ уште го имам истото чувство кога ќе ја погледнам и сега. Секогаш, таа е прекрасна.“

ev01

Сиги споделува дека во бараките не пошол да бара никаква романса, бидејќи бил „костур“ по годините минати во логорот. Пред момчињата да бидат одведени во нивните бараки, Сиги ја бакнал Ханка во образот – ветување дека пак ќе се видат. Седумнаесет дена подоцна тие се венчале – неколку часа откако биле ослободени од Црвената Армија. Двојката минала помалку од два часа заедно пред да се венчаат пред пријателите кои ги стекнале во логорот.

ev05

Набргу потоа добиле две ќерки – постарата Евелин била првото бебе кое се родило на преживеани од Холокаустот во Честохова – само една година по нивната венчавка. Педесет години приказната за тоа како се запознале Сиги и Ханка била криена како тајна од целото нивно семејство.

„Израснавме опкружени со толку многу љубов и знаевме дека се запознале во војната но дефинитивно бевме изненадени кога ги дознавме околностите“, вели Евелин.

ev07

Тие биле премногу истрауматизирани од времето кое го поминале во логорот за да сакаат да го споделат нивниот страв со саканите.

„Мама сѐ уште плаче во сон секоја ноќ – а тато секогаш има ужасни ноќни мори. Тој беше надарен со фотографска меморија но тоа е благослов и клетва бидејќи многу јасно се сеќава на ужасите.“

ev08

Но, во говор посветен на неговата сакана сопруга, Сиги за прв пат проговорил за тоа како ги видел прекрасните кафеави очи како ѕиркаат од горниот кревет за време на Новогодишната ноќ.

„Знаевме дека имаат некоја мрачна тајна, гледавме колку многу не сакаат нас и колку се сакаат еден со друг, но ни беше чудно тоа што немавме баба и дедо, бевме само ние четворицата. Ги прашавме зошто немаме други роднини, но тие едноставно никогаш не сакаа да зборуваат за тоа и ќе кажеа дека загинале во војната.“

ev12

Силната љубов која ја нашле таа ноќ во логорот сѐ уште гори со истиот оган. „Тој сѐ уште ја гледа мама на ист начин“, вели Евелин. „Ќе ми поѕвони наутро и ќе каже – види ја мајка ти, таа е толку прекрасна, на нејзината кожа нема никаква шминка, а види ја колку е убава.“

Сиги и Ханка си биле сѐ еден на друг уште од мигот кога се венчале. „Ги изгубиле семејствата и морале да се потпрат еден на друг за сѐ“, вели Евелин.

„Таа е дел од мене, како што мојата рака секогаш ќе биде дел од мене“, вели Сиги. Тој сега има 92 година, а Ханка има 91 и се многу отворени за нивниот живот во логорот. Кога избила војната, Ханка имала само 14 години – таа нејзината 12-годишна сестра биле заробени и ставени во воз кон концентрациониот логор, по што никогаш повеќе не си го виделе семејството. Сиги, кој потекнувал од крајно богато семејство, бил разделен од своите кога имал 15 години.

ev13

Сподели на Facebook
пати видено