Британецот Џеф Адамс,54 и неговата сопруга Су, 47 години се венчале сосема голи во Тувумба, Квинсленд, во април. Тие имаат 6 внуци, а невообичаена церемонија ја одржале пред непознати во центар за натуралисти.

Су, која што работи во локална пекара вели: „Ова беше мојата можност да ја добијам венцавката која што отсекогаш сум ја посакувала, затоа што првиот пат кога се мажев го мразев денот на венчавката. Според мене тоа треба да е најсреќниот ден во животот, но за мене не беше затоа што тоа не беше венчавката која што ја сакав.“


Но овој пат, оваа мајка на три деца вели дека било сосема поинаку. „Венчавката беше посветена само за мене и Џеф и за нашата врска, така и треба да биде. Ако на луѓето не им се допаѓа навистина не ми е гајле. Дефинитивно беше големо олеснување што не барав невестински фустан за свадбата,“ вели Су.

Су и Џеф се запознале преку Интернет во 2015 година и сфатиле дека живеат на само 20 минути оддалеченост. Откако биле во врска три месеци ја посетиле нудистичката плажа во Хрватска. Џеф ја запросил Су во ресорт за натуралисти и тие одлучиле на истото место да ја организираат и свадбата.

Само матичарот носел облека на венчавката на Џеф и Су. Тие ги поканиле и членовите на нивното семејство но тие одлучиле да не присуствуваат на оваа венчавка, на што Џеф и Су велат дека целосно ги разбираат.


