„Најлуксузната пештера“ во светот е ставена на продажба и секој би можел да стане нејзиниот горд сопственик за „само“ 2,75 милиони долари. Оваа пештера е далеку од оние во кои живееле нашите предци.

Се наоѓа во оддалечена област на Арканзас, Бекам Крик пештерата Ложа првично била изградена како засолниште за бомби, но била реновирана во луксузен хотел. Таа може да прими до 8 гости во подземни лавиринт од сталагмити и сталактити, има свој водопад, па дури и хелидром за оние кои треба да пристигнат во брзање.

Во пештерата има инсталирано и греење, но сепак е ладно затоа што природните услови не дозволуваат целосно загревање на просторот, исто така има поставено систем за елеминирање на влагата, а водата за пиење во пештерата доаѓа од природните извори во планините.

Сега, сопственикот на хотелот во кој една ноќ чини 1.200 долари го продава и оној кој ќе го купи може да прави што сака со него. Суперхерои и негативци на Бонд без сомнение ќе бидат заинтересирани, но ако имате потреба од малку изолација, опкружена со природа и цела мрежа на пештери за истражување, можете да започнете со наддавање од „скромни“ 2,75 милиони долари.

Дали би живееле во ваков дом?

Сподели на Facebook
пати видено