Дизајнерите Јитан Сан и Џианши Ву сакаат да направат њујоршкиот Централ Парк да биде достапен за повеќе луѓе, така што ќе го раскопаат, ќе го обградат со ѕидови високи 300 метри, коишто ќе бидат обложени со стакло. Исто така, се истакнува дека на овој начин искористливата површина би се зголемила на 18 квадратни километри.

„Нашата амбиција е да се врати традиционалната врска помеѓу пејсажот и архитектурата, на начин на кој секој населив простор има директна врска со природата“, велат авторите на предлог-проектот кој добил прва награда на годинешниот натпревар за дизајн на облакодери еВоло.

„Со обложувањето од сите страни со стакло, пејсажот внатре во паркот може да досегне надвор од физичките ограничувања, создавајќи илузија на бесконечност. Во срцето на Њујорк се раѓа нов хоризонт.“

ny01 ny02 ny03 ny04

Сподели на Facebook
пати видено