Во последните години многу научници и истражувачи од целиот свет истражуваат за тоа на кој начин емоционалната состојба и нашето енергетско тело причинуваат здрајве или болести. Начинот на кој со другите се поврзуваме на емоционален план може да влијае повеќе од било која вежба, медицински третман, храна или било какви додатоци.

Физиолошките дразби коишто ги чувствуваме, во зависност од тоа дали сме гневни, исплашени или среќни, всушност се наоѓаат во различни делови на нашето тело. Наједноставен пример за тоа е кога ќе искусиме чувство на срам, чувствуваме како ни се загреваат образите, а ушите ни поцрвенуваат. Тоа покажува дека чувството на срам буди енергија поврзана со мускулите на нашето лице.

Нашите чувства управуваат со однесувањето и физиолошката состојба за време на пријатни односи со другите луѓе, или кога сме на интервју за работа. И покрај тоа што сме целосно свесни, механизмите кои ги покренуваат овие дразби, како што се среќата или гневот, сѐ уште се нецелосно разјаснети. Првото истражување кое ги мапира деловите на нашето тело поврзани со различните емоции е спроведено од тим научници од Финска. Крајниот резултат покажува дека секое чувство активира неколку предели на нашето тело, различни од тие кои се активирани од други видови на чувство. Секој вид на чувство предизвикува различна енергија и различна фреквенција на вибрации во телото. Сите клетки, мембрани, ткива, жлезди, органи – сите тие вибрираат на прецизен начин во нас и се повлијаени од нашите чувства.

Оваа мапа го покажува точното место на изблик на енергија, во зависност од емоцијата која ја чувствуваме во дадениот момент. Како што сигурно сте почувствувале, среќата е најзначајното чувство кое прави целото наше тело да реагира, како што потврдува и студијата, а најмногу се зафатени лицето и градите. Второто чувство по силина е љубовта, и како што гледате, се активираат три предели –  градите, лицето и долниот дел од стомакот, во кој нели, се чувствуваат „пеперутките“. Од друга страна, на чувството на одвратност нашето тело најмногу реагира во пределот околу устата и грлото. Гневот е најактивен во пределот на градите и долниот дел од лицето, како и рацете, со особен интензитет во дланките.

Мапата ги прикажува и пределите во кои се намалува чувствителноста, делови на телото во кое луѓето чувстуваат намалување на енергијата при некои чувства. Така, забележуваме дека чувството на тага има ефект на намалување на чувствителноста на рацете и нозете. Истражувањето покажува извонредна постојаност во резултатите, што значи телесните дразби кои ги чувствуваме при различни чувства зависат од биологијата, а не од културата, т.е. дека сите луѓе на светот нештата ги чувствуваме на сосема ист начин, без разлика на средината во која сме пораснати.

slika

Сподели на Facebook
пати видено