Доколку планирате да ги оставите цигарите, според експертите најдобро е да го сторите тоа наеднаш и да минете низ т.н. „пушачка криза“. Лекарите велат: „престанокот со пушење го претставува најважниот чекор кој пушачите можат да го направат за да си го подобрат здравјето и да си го продолжат животот.“ Но, тие истакнуваат и дека треба да си изберете ден и да ги оставите цигарите одеднаш.

op01
„За многу луѓе, да се остават цигарите значи постепено да го намалуваат бројот на испушени цигари дневно, сѐ додека еден ден сосема не престанат. На крајот на краиштата, на тој начин постигнуваме секоја поголема цел во животот, малку по малку“, вели д-р Никола Линдсон-Хоули. „Со други зависности се стремиме луѓето да се одвикнат постепено наместо тоа да го сторат одеднаш. Но, кога станува збор за пушењето, правило е луѓето да се советуваат да престанат наеднаш. Според резултатите на нашите истражувања, луѓето кои престануваат наеднаш имаат поголеми изгледи да ги остават цигарите засекогаш од тие кои се обидуваат постепено, бидејќи намалувањето на дозите на кои се навикнати им причинува нелагодност.

op

Покрај тоа, кога ги намалуваат, тие не сакаат да си постават фиксен датум кога ќе ги откажат, со што само се залажуваат и помалку мотивираните никогаш не успеваат да ги остават цигарите.“

Сподели на Facebook
пати видено