Една баба решила да го врати својот туку што роден внук во болница, бидејќи ѝ се видел премногу грд. Таа заедно со мајката на детето влегле во болницата во Санта Марта, Колумбија, обвинувајќи го персоналот дека го замениле бебето. Болничкиот персонал ѝ одговорил дека не можела да се случи никаква замена бидејќи тој ден во болницата се родило само едно бебе, и тоа токму нејзиниот внук.

bb01

„Бабата е навистина несреќна. Не сакала тоа дете да стане член на нејзиното семејство, па се обидела да го врати во болницата“, изјавил здравствениот службеник Карлос Паларес, додавајќи дека бабата се согласила да го земе внукот со себе дури откако персоналот се согласил уште еднаш да го прегледа детето.

Чадан Росадо од локалната градска управа изјавил дека бабата имала психички проблеми, и поради тоа не треба да биде осудувана. Според локалните медиуми, бебето е добро и сега е заедно со своето семејство.

Сподели на Facebook
пати видено