Ожалостена идна невеста се обесила себеси верувајќи дека може само „да сврати“ до рајот за да ѝ каже последно збогум на својата најдобра пријателка. 25-годишната Џасмин Хауарт од Редклиф, Британија, тврдела дека може да ја контролира смртта и да се сретне со својата другарка Диона Корбет, за потоа пак да се врати во светот на живите.

Но 24 часа откако го посетила телото на Корбет во капелата, свршеникот на Хауарт ја нашол мртва во градина во близина на нејзиниот дом. Според наодите, Хауарт напишала бројни писма во кои велела дека сакала да се сретне со Корбет за последен пат, за потоа да се врати и да продолжи со својот живот.

Корбет и Хауарт биле најдобри другарки уште од деца и дури и зборувале за тоа заедно да забременат за да можат заедно да минат низ сето тоа.

pr01 pr02 pr03 pr04  pr06 pr07

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено