На крајот од 2018 година, пејачката Адел објави дека ја напушта сцената. Таа веќе нема да настапи во живо и нема да прави концерт. Причината е едноставна: Адел признава дека нејзините изведби повеќе не ѝ претставуваат задоволство, а таа сака да се посвети на својот 6-годишен син Анџело. Оваа изјава ги шокираше обожавателите и се претвори во епски, но во исто време малку тажен предизвик.

Речиси веднаш по изјавата на пејачката се појави видео во кое меченце Харибо ставено на пиедестал ја „пее“ Someone Like You од Адел, во еден момент камерата се поместува и се појавуваат други 200 мечиња Харибо (обожаватели) кои ја пеат песната со првото мече.

Предизвикот веднаш стана вирален и луѓето почнаа да ја употребуваат креативноста користејќи различни предмети за предизвикот. Предизвикот е познат под #adelechallenge, а за да сфатите за што зборуваме доволно е да го погледнете видеото.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено