Нешто навистина чудно се случи пред банкомат во Кина. Надзорните камери снимиле како жена се обидува да си извади пари од банкоматот, а зад неа се прикрадува крадец, со нож во раката. Тој ѝ запретува на жената да му ги даде парите кои ги извадила од банкоматот. Секако таа преплашена од она што може да ѝ се случи го послушала и му дала околу 250 евра кои претходно ги земала.

Но, крадецот станал алчен и побарал од неа да му го покаже салдото на сметката. Откако крадецот ѝ го видел салдото на сметката почнал да се смее и ѝ ги вратил парите.

Според полицискиот извештај салдото на жената било 0. Крадецот си замина без парите, а жената остана да се чуди што всушност се случи.

Иако не ги земал парите, сепак ѝ претел на жената со нож и наскоро крадецот бил пронајден од полицијата и уапсен.

Сподели на Facebook
пати видено