Лекарите останаа збунети, откако отстранија накит и монети вредни повеќе од 60.000 евра од стомакот на една Индијка.

26-годишната Руни Катун беше „ослабната и исцрпена“ кога на 16-ти јули била донесена во болницата во западен Бенгал, откако започнала да повраќа по секој изеден оброк.

За време на операцијата, лекарите отстранија 69 синџири, 80 обетки, 46 монети, 8 катанци, 11 прстени за нос, 4 клучеви, 5 бразлетни и 1 часовник од нејзиниот стомак.

Мајката на Руни забележала дека разни скапоцени украси започнале да исчезнуваат од нивниот дом, но не била воопшто свесна дека всушност нејзината ќерка ги голтала.

Мајката додава дека секогаш која ќе ја прашала својата ќерка за исчезнатите предмети, таа започнувала да плаче.

„Нејзиниот албумин и хемоглобин беа толку ниски, што речиси и да не бевме во можност да ја извршиме операцијата. Таа во болницата пристигна слаба и исцрпена. Нејзината состојба беше толку критична, што ни беа потребни најмалку 5 шишиња крв. Таа не беше способна физички да ја внесува храната, па моравме преку истата да ја инјектираме преку нејзината уста.“- вели Д-р Сидхарта Бисвас, раководител на одделот за хирургија при медицинскиот колеџ во Рампурат.

По една недела, девојката била стабилизирана и операцијата била извршена, а притоа лекарите велат дека доколку таа била претходно оперирана, најверојатно не би можела да ја издржи операцијата.

Руни страдала од опсесивно-компулсивно нарушување во исхраната.

Сподели на Facebook
пати видено