Идните сопственици на моќната Галакси С10 (Galaxy S10) серија ќе имаат уште една причина да се радуваат на купувањето на новите С10е (S10e), S10 (S10) и С10+ (S10+)уреди, затоа што на подарок ќе добијат безжични “Y500 AKG Harman“ слушалкиво вредност од14.500 денари. Воедно, за потрошувачите максимално да уживаатво својот уред без грижи, покрај слушалките со висококвалитетни аудио перформанси, ќе добијат и право на една година осигурување во случај на оштетување на екранот.

Правото на подарок и осигурување на екранот се стекнува откако гордите сопственици на моќен уред од новата Галакси С серија, во рок од седум дена од датумот на купување, ќе се регистрираат на страницата www.samsungsp.eu/mk/. Поволностите можат да ги искористат и правни лица, кои пополнуваат засебна регистрациска форма во рамки на горенаведениот линк.

Промоцијата која опфаќа осигурување на екранот и подарок слушалки важи за уредите од Галакси С10 серијата купени во период од 10.05.2019 до 07.06.2019, додека времетраењето на процесот на регистрација е од 10.05.2019 до 14.06.2019 година.Оваа акција се однесува само за уредите купени кај официјалните продажни партнери на компанијата Самсунг.Сите заинтересирани повеќе информации може да пронајдат на следниот линк: www.samsung.com/rs/offer/samsung-podaruva-mk/.

Сподели на Facebook
пати видено