Вообичаено на свадбите во центарот на вниманието се наоѓаат невестата и младоженецот. Но, оаа двојка била засенета од огромна кафеава мечка која била доведена да учествува во нивниот специјален ден. Денис и Нелја, и двајцата на 30-годишна возраст, од Москва, го изнајмиле 133 килограми тешкиот мечок Степан да ја игра улогата на носител на прстен, а на свадбата се појавил носејќи дури и црна вратоврска.

Мечката, која е висока 2,1 метри, била вклучена во свадбената церемонија, а на крајот и позирала со младоженците. Денис вели:

„И двајцата знаевме дека Степан е многу мила мечка, но сепак тоа е огромно и непредвидливо животно, па така бевме малку уплашени. Но, сепак сме среќни што успеавме да го оствариме нашиот сон. Тоа беше фантастично искуство. Овој ден ќе го помниме до крајот на нашиот живот.“

Свадбените фотографии се дело на рускиот фотограф Олга Баранцева.

mc01 mc02 mc03 mc04 mc05 mc06 mc07 mc08 mc09 mc10 mc11 mc12

Сподели на Facebook
пати видено