Поли Честер сиот свој живот чекала да скока со падобран и нејзиното прво скокање излегло навистина незаборавно, но и скапо.

Силната воздушна струја ѝ ги исфрлил забите на 72-годишната баба од Вирџинија за време на тандемскиот скок во Флорида, и лажните заби го погодиле инструкторот над неа право во чело.

st01

„Кога ја затворив устата, забележав дека ги нема“, раскажува Честер. „Човекот зад мене рече – ме погоди во глава! Мило ми е што не го нокаутираа.“

st02

Падобранскиот скок на ЧЕстер ѝ бил животна желба и таа изминала долг пат од Индепенденс, Вирџинија, до Плант Сити, Флорида, за да може да го стори тоа, и вели дека не жали за ништо.

st03

„Сите доста се зафркаваа поради тоа, па и јас. Скокот ми излезе доста поскап откако морав да купам нови заби.“ вели таа. Новата вилица ѝ излегла поскапо од самиот скок, со цена од 975 долари. Но Честер бргу го отпишува тоа. „Живеј го животот најдобро што можеш“, вели таа. „Живееш само еднаш и уживај во него, смеј се многу“, вели одважната старица.

   st04 st05 st06

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено