Понекогаш животот знае да нѐ тресне како што никогаш не сме се надевале. Но, сепак и тоа примете го како подарок, бидејќи нѐ учи колку е скапоцен секој миг наш престој на овој свет. Среќата лежи во едноставноста. Ако сакате да имате среќен живот, следете ги овие едноставни правила.

sr

1. Животот е несправедлив, но сѐ пак е прекрасен.
2. Ако се сомневаш, направи уште еден чекор нанапред.
3. Животот е премногу краток за да го минеш во омраза и злоба.
4. Твојата работа нема да се погрижи за тебе кога си болен. Тоа ќе го прават твоите родители, пријатели и блиски. Негувај ги тие односи.
5. Секој месец плаќај си ги сметките и ратите за кредити.
6. Не е задолжително да го добиваш секој спор. Едноставно согласи се или не се согласувај.
7. Плачи заедно со некого. Тоа лекува подобро од плачењето во самотија.
8. Дозволено е понекогаш да се лутиш на Бог. Тој ќе разбере.
9. Започни да штедиш за пензија уште од првата плата.
10. Кога работата ќе стигне до чоколада, бесмислено е да се спротивставуваш.
11. Помири се со твоето минато, за тоа да не ја урниса твојата сегашност.
12. Можеш да си дозволиш да заплачеш и пред твоите деца.
13. Не го споредувај својот живот со животот на некој друг. Немаш никаква претстава што преживуваат другите.
14. Ако некои односи треба да се тајни, не вреди да учествуваш во нив.
15. Се може да се промени дури трепнеш. Но, не тревожете се. Бог никогаш не трепнува.
16. Диши длабоко. Тоа ги успокојува мислите.
17. Ослободи се од сѐ коешто не е полезно, убаво или забавно.
18. Тоа што не те убива, те прави посилен.
19. Никогаш не е доцна да имаш среќно детство. Но, второто детство зависи исклучиво од тебе.
20. Кога ќе дојде моментот да го следиш тоа што навистина го сакаш во животот, не вели „не“.
21. Пали свеќи, насладувај се на убави чаршафи, носи убава долна облека, не чувај ништо за посебни прилики. Посебната прилика е денес.
22. Подготви се за изобилство, па што биде нека биде.
23. Биди ексцентричен денес. Не чекај ја староста да облечеш упадлива облека во која ќе се чувствуваш посебно.
24. Најважниот орган во сексот е мозокот.
25. Никој освен тебе не носи одговорност за твојата среќа.
26. При секоја т.н. катастрофа задај си го прашањето: Ќе биде ли важно по 5 години? А по 10?
27. Секогаш бирај живот.
28. Не грижи се што другите мислат за тебе.
29. Простувај им на сите за сѐ.
30. Времето лекува сѐ. Дај му време на времето.
31. Не е важно дали е добра или лоша ситуацијата – таа и така или инаку ќе се промени.
32. Не сфаќај се себеси премногу сериозно. Никој не го прави тоа.
33. Верувај во чуда.
34. Бог те сака затоа што е Бог, а не затоа што си направил или не си направил.
35. Не е неопходно да го изучуваш животот. Ти се појавуваш во него и правиш толку, колку што успевап да направиш.
36. Да остариш е подобра алтернатива од тоа да умреш млад.
37. Твоите деца пред себе ја имаат само иднината.
38. Тоа што на крај ќе има смисла е дали си доживеал љубов или не.
39. Секој ден излегувај на прошетка. Насекаде се случуваат чуда.
40. Ако ги соберем проблемите на куп и ги споредиме со нечии туѓи, секогаш ги бираме своите.
41. Зависта е чисто губење на време. Ти имаш сѐ што ти е неопходно.
42. Не е важно како се чувствуваш. Стани, облечи се и излези меѓу луѓе.
43. Отстапувај.
44. И покрај сѐ, најубавото допрва претстои.
45. Макар животот и да не е спакуван со панделка, сепак е подарок. Никогаш не заборавај го тоа.

Сподели на Facebook
пати видено