Мајкл Фелпс официјално објави дека му кажува збогум на светот на натпреварувачкото пливање. „Готово, готово, готово – и овојпат го мислам тоа“, вели Фелпс .„Сакав да направам камбек и да ја завршам мојата кариера на начин на кој јас сакам, а ова беше цреша на тортата.“

mf01 mf02

Фелпс вели дека тој ќе продолжи да сѐ уште ќе се занимава со спорт, но сега сака да се сосредоточи на неговата свршеница и нивното бебе Бумер.

„Ова е дел во мојот живот кој ми дава можност за ново поглавје, да изградам семејство со Никол“, објаснува Фелпс.

mf03 mf04

Од 28-те медали кои Фелпс ги освоил во неговата кариера, 23 се златни. Но, некои негови колеги не веруваат дека тој навистина конечно се збогува со спортот. Имено, пливачот Рајан Лохте во едно негово интервју изјави дека очекува да го види Фелпс на Олимписките игри во Токио, 2020 година. Фелпс во 2013 година исто така објави дека се повлекува од спортот, но се врати на натпреварувањата по помалку од една година.

mf05

Сподели на Facebook
пати видено