Богатството било пронајдено во градот Псков, каде што во 1917 година живеел колекционерот Фједор Пљушкин. Интересно е што точниот датум на закопување на богатството го откриле од остатоците од весниците во кои биле завиткани монетите. Покрај многуте вредни предмети, биле најдени и ретки монети од 15-ти до почетокот на 20-ти век, како и бокал и чаши кои ѝ припаѓале на императорката Екатерина II (1729-1796).

Сподели на Facebook
пати видено