Дмитриј Рогозин, заменик премиерот на Русија го објави видеото на Твитер со наслов „Руските роботи учат да се справуваат со лошите момци“. Тој не објави никаква друга информација за роботите, но експертите препознаа дека роботите се базирани на платформата „Нерехта“, на која може да се додаваат разни модули во зависност од потребите.

До сега се развиени вкупно 18 модули, меѓу кои и модул за следење, модул со митралез итн. Смената на модулите се врши за неколку минути. Роботите се надгледуваат и контролираат целосно офлајн, преку сопствен систем за далечинско управување кој може да комуницира на оддалеченост од 20 километри.

Сподели на Facebook
пати видено