Дмитри Ицков тврди дека ќе се здобие со вечен живот кога својата свест ќе ја префрли во тело на робот. Пред четири години рускиот претприемач ја основал Иницијатива 2045, непрофитна организација со само една цел – да се најде тајната за вечен живот за само три децении. Клучот за постигнување на ова, верува тој, е да се развие начин за „префрлување“ на човечкиот ум во машина – бесмртно тело коешто може да одржува нечија личност и свест. Организацијата вработила тим на високо обучени специјалисти кои покрај другото работат на неврален интерфејс кој би овозможил префрлување на мозокот во компјутер.

ev

„Разни научници тоа го нарекуваат префрлување или пренесување на умот“, изјавил Ицков. „Јас претпочитам да го нарекувам пренесување на личноста.“

Иако целта на рускиот милијардер со сигурност е впечатлива, едно прашање останува неодговорено: дури и ако успее, дали некој би сакал засекогаш да живее во студеното тело на робот.

„Тоа ќе донесе нешто што досега никогаш не постоело и коешто не можело да постои, нешто што денес може да изгледа како фантазија и неверојатно“, вели тој. „Но историјата ќе докаже дека тоа е само процес на подготвување за досега невиден скок нанапред во еволуцијата.“

 

Сподели на Facebook
пати видено